Меган Маркл и Хари на почетокот од годината се откажаа од кралските должности и го напуштија кралското семејство.
Имено, деновиве тие имаа важен повод за славење односно втора годишнина од нивниот брак.
Пред две години се венчаа пред сите членови на кралското семејство, специјални гости, познати личности меѓи кои Џорџ и Амал Клуни, Дејвид и Викторија Бекам, Серена Вилијамс, Пријанка Чопра и многу други.
Таткото на Меган, Томас Маркл не се појави на свадбата на својата ќерка со изговор дека доживеал срцев удар.
Отогаш досега поминаа две години, а Меган и Хари поминаа низ разни искушенија, предизвици, медиумски притисок кој резултиташе со нивно заминување од кралското семејство.
Ова година, Меган и Хари годишнината од брак ќе ја прослават на поразличен начин, далеку од семејниот дом во Лондон и далеку од кралското семејство.
За потсетување, Меган и Хари претходната година го добија синот Арчи.