Радио Милева

Соседите открија непознати детали за Слоба Радановиќ и неговата девојка Јелена

Соседите открија непознати детали за Слоба Радановиќ и неговата девојка Јелена

Слоба Радановиќ и Јелена Ѓуричанин уживаат во својата врска.

Според зборовите на соседите, децата на Јелена го обожаваат пејачот.

„Јелена е често во станот кај Слоба, доаѓа со децата. Навистина е љубезна и пријатна, изгледа дека одлично се согласуваат, ни за време на изолацијата не се разделуваа, често ги сретнувавме заедно и двајцата не поздравуваат. Децата на Јелена го обожаваат Слоба, а таа е грижилива мајка и тој одлично се однесува кон нив. Ги води на игралиште пред зградата, па тука играат кошарка или некоја игра. Тие изгледаат како едно мало семејство. Се зборуваше дека пејачот ќе се сели од нашиот крај бидејќи живее во еднособен стан, но засега се уште се тука. Не развеселуваше за време на изолацијата, пееше околу 11 часот, има убав глас“ вели сосетката на Слоба.

фото: дамир дервишагиќ

Исто така велат дека автомобилот кој го вози Радановиќ не е во негова сопственост.

„Јелена секогаш доаѓа со својот џип, додека тој има БМВ. Меѓутоа, автомобилот не е негов. Негов пријател има „рентакар“, па дали Слоба му плаќа или не, не знаеме, но од него ги зема тие скапоцени автомобили кои ги вози, не се негови.

фото: дамир дервишагиќ

Сосетката на Слоба вели дека тој сака да и угодува на својата сакана, па често оди да купува.

„Речиси секој ден оди во набавки, оди до продавница и пазар, внимава ништо да им недостига. А внимава и на себе, често го сретнувам како оди во солариум“ вели сосетката.

To top