Иако тековната сезона на реалното шоу „Задруга“ сè уште трае, продукцијата веќе преговара за следната, четврта сезона, која ќе започне со емитување во септември годинава.
На големо се шпекулираше кои ќе бидат учесниците во новата сезона, а сега е откриено во емисијата на „Пинк“ дека нов член ќе биде Кристијан Голубовиќ, кој неодамна беше ослободен од затвор по осум години.
Денеска Кристијан потпиша договор со сопственикот и директорот на „Пинк“, Жељко Митровиќ и истакна дека верува оти ова ќе биде најдобро шоу досега.
View this post on Instagram
– Навистина очекувам нешто што порано не било, на повисоко ниво. Чувствувам и знам дека ќе има многу подобри натпреварувачи и многу подобра приказна, поминаа годините и позрели сме како лица и мислам дека ова ќе биде најдобрата шоу-програма видена досега. Не би сакал да видам некои девојки кои ја иритираат сопругата, затоа што таа вели „повторно одиш таму, ќе правиш швалерски авантури“, што не е точно, сето тоа е шоу-бизнис, се обидов да и објаснам – рече Кристијан.
– Додека спие во кревет, Кристијан прави повеќе гледачи од многумина во текот на денот заедно – рече Митровиќ.