Поранешните сопружници Џенифер Анистон и Бред Пит покренаа шпекулации се повторно се заедно откако се појавија на доделувањето на „SAGA“ наградите во Лос Анџелес.
Во таа прилика, Бред ја фати Џенифер за рака и не ја пушташе иако таа се движеше во друг правец.
Оваа фотографија брзо се рашири низ интернет, а нивните фанови посакаа повторно да се заедно.
Неколку месеци подоцна, странските медиуми пишуваат дека Џенифер во тој момент на црвениот килим го носела вереничкиот прстен кој го добила од Бред во 1999 година.
Станува збор за парче накит кое чини околу 500.000 долари, а истото се состои од крупен дијамант опкружен со помали дијаманти, распоредени во спирала.
Како што пишува британскиот “Mirror”, Џенифер и ден денес понекогаш го носи вереничкиот прстен.
Актерката не се огласи по повод овие пишувања.
За потсетување, во медиумите исто така се покренаа шпекулации дека Џенифер и Бред во јуни ќе се венчат во Мексико.