По неуспешниот обид да промовира линија на шминка, една од најпознатите бугарски старлети Моника Валериева се сврте кон друг козметички производ – лосион за тело.
Овој пат моделот го рекламира својот бренд потполно гола – како што јавноста веќе ја видела, зашто на Моника разголувањето не и е непозната работа, ниту пак се срамува да ги покаже своите телесни атрибути како од мајка родена!
Бугарската секс-бомба од Дупница одамна се обидува да наметне свој козметички производ на пазарот по примерот на нејзината вечна ривалка, Николета Лозанова. Наспроти неа, Николета може да се пофали со повеќе од една или две успешни козметички линии, вклучувајќи козметичката серија која се продава како топол леб.
Валериева беше остро критикувана за козметиката што ја лансираше неодамна.
Познатиот стилист и шминкер Валентин Кулагин речиси ја уништи старлетатата, откако ги рашири информациите дека козметиката за која станува збор е всушност купена од Кина, а единствено „авторство“ од страна на моделот било Моника само да го напише нејзиното име на производите.