Светски познатите личности колку и да сакаат да ја сокријат приватноста од јавноста и медиумите, спеак, низ годините сме се изнагледале и изнаслушале на еден тон скандали.
Овој пат тема на светските медиуми беа оние јавни личности кои своите пари ги трошеле на услугите од сексуални работнички.
Веројатно најпознатиот пример на славна личност кој што бил уловен со проститутка е британскиот актер Хју Грант. Тој во 1995-та година бил уловен со Дивајн Браун и веднаш ја признал вината, па добил симболична парична казна и две години затвор условно.
View this post on Instagram
„Мислам дека знаете што е добро во животот, а што лошо. Епа јас направив лошо, и тоа е тоа“ – изјавил тој по скандалот.
Чарли Шин имал проблеми со алхоколот и дрогата, па го исфрлиле од серијата „Два и пол мажи“. На почетокот на 90-те години полицијата открила дека води илегален бизнис со проституција со холивудската мадам Кеиди Флеис, а кај неа ги пронашле чековите на Шин.
View this post on Instagram
Тајгер Вудс прво станал познат како професионален голф играч, а подоцна по својата зависност од секс. Ја изневерувал сопругата, манекенката Елин со многубројни жени, а меѓу нив и многу проститутки.
Американските медиуми во 2009-та година објавиле дека тој бил во редовен контакт со ‘мадам’ која што му пронаоѓала жени за секс.
View this post on Instagram
Алекс Родригез, вереникот на Џенифер Лопез, исто така имал навика редовно да изнајмува проститутки од мадам Кристин М. Дејвис.
Во јавноста протекле мејловите на Родригез и Дејвис кои што си ги разменувале меѓусебно, а Мишел Грос напишал книга за ѕвездите кои што користеле услуги од проститутки во кои што бил споменат и пензионираниот играч на бејзбол.
Вејн Руни е во брак со Колин од 2008-та година и имаат четири деца, а стана познат и по своите афери кои што сопругата постојано му ги простува. Во 2010-та година тој бил обвинет од страна на проститутка дека фудбалерот ѝ платил пари за да учествува во секс во тројка. Руни своевремено изјавил дека ‘му е жал’ што во минатото плаќал проститутки.