Вчера, 17 мај 2020 год. беше погребан познатиот македонски телевизиски и театарски режисер Богдан Поп Ѓорчев, кој почина ден порано.
Негов најпознат ТВ проект е ТВ серијата „Трст виа Скопје“. Поп Ѓорчев беше и сценарист и режисер на оваа телевизиска серија во продукција на Македонската телевизија.
Режисер е на играните филмови „Поштар“, „Јагне на ражен“ и „Исчекување“ и на ТВ сериите „Случки од животот“ и „Еурека“.
Роден е во 1956 година, а дипломирал на Академијата за филм во Москва.