Бразилската манекенка и поранешeн „Ангел на Викторија“, Адријана Лима (38) објави фотографија на Инстаграм како се сонча во црно, минијатурно бикини, во кое ги покажа своето извајано тело и задникот и заработи илјадници лајкови.
Поранешната српска снаа го покажа своето секси тело во мини бикини на врзување, додека се сончаше на плажа во Мајами за време на изолацијата заради коронавирусот. Славната манекенка со месеци била во карантин во Мајами со своите деца, каде го искористи убавото време за да ги апсорбира сончевите зраци во близина на океанот.