Радио Милева „Престар за рок ен рол, премлад за умирање“

На Иан Андерсон од „Џетро Тал“ деновите му се избројани: Фронтменот на легендарната рок група боледува од неизлечива болест (ФОТО)

На Иан Андерсон од „Џетро Тал“ деновите му се избројани:  Фронтменот на легендарната рок група боледува од неизлечива болест (ФОТО)

Фронтменот на познатата рок група „Џетро Тал“, пејачот и флејтист Иан Андерсон, откри дека боледува од неизлечива болест на белите дробови. Иан истакнал дека неговите денови се одбројани, мислејќи на музичките, иако неговиот живот сè уште не е во толку сериозна опасност.

„До сега  не сум го кажал никому ова јавно. Јас страдам од неизлечива болест на белите дробови, која ми беше дијагностицирана пред неколку години … Се мачам. Имам како што се нарекуваат егзацербации – периоди кога  добивам воспаление кое се претвора во тежок бронхитис. Две-три недели кога е навистина тешко да се застане на сцена и да се пее, свири и игра.Веќе 18 месеци сум без влошување и примам лекови. Додека сум во околина во која воздухот не е  загадуен, добро сум.Но, моите денови сепак се одбројани“ –  му открил пејачот на Дан Редер во „Големото интервју“ и продолжил:

„Сè уште не сум во фаза кога мојата болест влијае врз мојот секојдневен живот, се’ уште можам да потрчам по автобусот“ – се пошегувал на своја сметка Андерсон, кој како да ја предвиде оваа своја состојба уште во седумдесеттите, кога групата го издаде нивниот мегауспешен албум насловен: „Престар за рок ен рол, премлад за умирање“!

To top