Радио Милева Мис карантин 2020

Кристина Димитриевска е најубава „девојка од карантинот“ на светот: Македонската убавица онлајн се закити со светска титула – „мис четири ѕида“!

Кристина Димитриевска е најубава „девојка од карантинот“ на светот: Македонската убавица онлајн се закити со светска титула – „мис четири ѕида“!

Македонката Кристина Димитриевска е најубавата „девојка од карантинот“ на светот! Таа вчеравечер, 17 мај 2020 година ја понесе оваа онлајн титула откако беше избрана за најубава меѓу 15 претходно избрани девојки кои беа селектирано од 250-те пријавени од 50 земји во светот.

Коронавирусот го стави во фаза на мирување речиси целиот свет, но кога станува збор за изборите за убавина, организаторите и убавиците ширум светот не се откажаа од намерата да се избере најубавата, па водени од максимата дека токму „убавината ќе го спаси светот“, се решија да го направат изборот за „Мис карантин на светот 2020“.

Изборот „Мис карантин на светот“ беше во организација на „Gecjan Fashion Group“ од Приштина, додека коорганизатори на овој необичен избор беа и модното студио „Црнокрак“ од Македонија и „Tugce Sarykaya Dagistan“ од Република Турција.

Изборот за најубава светска „девојка од карантинот“  одеше директно онлајн од 21 часот на Фејсбук социјалната мрежа, како и на фреквенцијата на “ТВ-21“, која се гледа во Македонија. Полноправен член на  жирито бешее и нашиот Мики Црнокрак, кој е еден од иницијаторите и организаторите на изборот, кои и во вакви, „ненормални“  услови, сепак успејаа да организираат уште еден респактибилен настан, овој пат како онлајн ивент.

Со оваа победа, атрактивната тетовка и бивша сопруга на Даниел Кајмакоски, по Мис Глоуб и Мис Балкан во 2019, годинава се закити со уште една титула за убавина: „Мис карантин 2020“, што  покажува дека дилемата да се биде манекенка, мисица и модел или пејачка, полека како да се расчистува. Победите на изборите за убавина наспроти неубедливото и безлично пеење и тоталната естрадна незабележителност, веројатно самите ќе и го покажат патот во кој правец треба да ја гради својата кариера, без да прави непотребни експерименти и екскурзии… на умот!

Од друга страна пак, „Модното студио Црнокарак“ уште еднаш ја потврди својата не само домашна доминација во светот на модата и организацијата на модните ивенти, туку и високиот и респектибилен рејтинг кој го има и надвор од границите на Македонија.

Како и да е, корона пандемијата не натера на уште еден, за среќа успешен експеримент, со кој мораме да му се прилагодиме и адаптираме на „новото време“, па така ја добивме и првата светска „убавица меѓу 4 ѕида“… „Мис карантин 2020“ – Кристина Димитриевска!

 

To top