Со олабувањето на мерките за заштита од коронавирусот се „олабавија“ и познатите.
Ако Велгиденските празници ги поминавме дома во 4 дневен карантин, сега имаме повеќе време да излеземе надвор или да прошетаме, секако почитувајќи ги мерките за заштита од корона.
Така некои од македонските јавни личности овој викенд одлучија да го напуштат Скопје.
Лила Филиповска
Македонската водителка на „Се или нешто“, Лила Филиповска овој викенд замина во Охрид.
Иако се уште не е лето и не се летни одмори, водителката успеа некако да стигне на плажа и да ужива покрај Охридското Езеро.
Тамара Тодевска
Македонската пејачка заедно со семејството и пријателите го посети Галичник и уживаше во природните убавини на Македонија, но и во друштво на своите најсакани.
Нејзините деца уживаа со коњите, па во еден момент и јаваа коњи, а овој момент Тодевска го забележа со својот мобилен телефон и го објави на социјалните мрежи.
Милена Антовска
Исто така и Милена го посети Галичник, односно родното место на својата мајка, а овој момент го сподели со нејзините следбеници.
Мартинијан Кириловски
Мартинијан од Куманово одлучи да дојде во Скопје и да ужива во убавините на Матка.
Александра Илиевска
Водителката на „Брза кујна“ овој пат се качи на мотор и правец во Леново.
Веруваме дека тие уживалае во прекрасните убавините на нашата држава и ги наполните батериите.
фото: Принтскрин/инстаграм