Радио Милева

„Вечерва сите сме победници“: Евровизија се одржа како никогаш досега, а Васил Гарванлив горд што беше дел од „Europe Shine a Light“ (видео)

„Вечерва сите сме победници“: Евровизија се одржа како никогаш досега, а Васил Гарванлив горд што беше дел од „Europe Shine a Light“ (видео)

Наместо на сцената во Ротердам, големата еуфорија и сјај, годинешното издание на Евровизија помина без натпреварување и победник.

Годинава победници се сите, бидејќи од коронавирусот кој го блокирираше светот се нема незасегнат.

Гледачите имаа можност да се потсетат на победничките песни и претставници, но и да ги погледнат оние кои требаше да застанат на еровизиската сцена.

Васил Гарванлиев беше дел од ова евровизиско шоу во време на пандемија наречено „Europe Shine a Light“, а во своето обраќање тој кажа:

„Добро вечер Европа! Отворете ги срцата да прославиме вечер полна со љубов. Вечерва сите сме победници. Иако ја немав можноста да застанам на евровизиската сцена и да ја преставам Македонија во Ротердам, многу сум горд што сум дел од вечерашното шоу „Europe Shine a Light“ . Ова е само почетокот! Ве сакам“, вели Васил.

Освен спотот кој беше изработен за песната „You“, емитуван беше и дел од спотот за песната „Гердан“, во кој можеа да се видат Колешинските водопади.

На оваа необична евровизиска вечер, за победничката песна на Србија „Молитва“, Марија Шерифовиќ изработи спот низ празните улици на Белград во кое се појавуваат здравствени работници и луѓе во маска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

Се надеваме дека следната година светот ќе ја остави зад себе короната, а Евровизија ќе блесне во полн сјај.

To top