Радио Милева

Мештаните на Тител открија непознати детали од животот на снаата на Цеца

Мештаните на Тител открија непознати детали од животот на снаата на Цеца

Откако Богдана Родиќ се ожени со Вељко Ражнатовиќ, нејзиниот роден град Тител е во центарот на вниманието, па многу новинарски екипи го посетуваат.

Екипата на  курир.рс го посети Тител, а родителите на Богдана не биле дома туку на пазар каде имаат тезга и продаваат пилиња.

фото: Курир.рс

Вељко и Богдана деновите ги поминуваат во Тител, во куќата која Ражнатовиќ ја доби од родителите на сопругата.

фото: Курир.рс

Соседите проговорија за Вељко и Богдана.

„Ги сретнуваме. Многу се слатки. Не ја испушта од рака. Ме потсетуваат на мене и мојата сопруга кога бевме млади. И јас бев таков шмекер. Го гледате оној број? Е, таму се играа Богдана и нејзините сестри кога беа деца. Сега пораснаа во девојки“ вели Мирко.

Миодраг Антиќ Бомба кој позираше пред камерите на српскиот портал курир.рс вели:

„Сите зборуваат за Тител. Слушнав дека Цеца била на Ѓурѓевден кај пријателите. Многу убаво. Сите знаат кога Цеца е во Тител, па многумина доаѓаат пред куќата на Родиќ за да ја видат. Тоа е прекрасно семејство за кое имам само убави зборови“ вели Миодраг.

фото: принтскрин/инстаграм/вељко ражнатовиќ

Еве што велат Милош, Бранко и Владимир за своите сограѓани.

„Ова е центар на нашето место. Ги гледате ли оние две трафики? Тука Вељко доаѓа секој ден. Два месеци беше тука. Прекрасно момче“ вели Бранко, а се надоврзува и Милош.

„Богдана играше кошарка и одеше на натпревари во Зрењанин и Белград. Две години девојките од Тител беа прваци во Србија. Сега е семејна жена“.

фото: принтскрин/инстаграм/вељко ражнатовиќ

Нивниот пријател знае што ќе се случи ако Цеца се прошета низ градот.

„Ќе има гужва. На 28 август е слава на Тител. Се поставува сцена и доаѓаат пејачи да настапуваат. Би било убаво и Цеца да одржи концерт“, вели Владимир.

Новинарите го посетиле и основното училиште каде што учела Богдана, а таму имало само една жена која им ја отворила вратата.

„Ја знам Богдана, заедно со моите ќерки беше во исто одделение. Беше добар ученик. Фини се трите сестри и нивните родители“, вели таа за курир.рс

фото: Курир.рс

Инаку, Богдана е во 9иот месец од бременоста и наскоро треба да се породи, односно да роди син за кого го одбраа името Жељко.

To top