Радио Милева

Го напушти Скопје: Лила Филиповска во вонредна состојба успеа некако да стигне на плажа ( фото + видео)

Го напушти Скопје: Лила Филиповска во вонредна состојба успеа некако да стигне на плажа ( фото + видео)

Поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба повеќе од два месеци сме „затворени“ во нашите домови со почитување на мерките за заштита, а со проглсување на новата вонредна состојба така ќе биде во следните четиринаесет дена.

Иако  надвор е пролет, а полека се наближува лето и летните одмори, се уште непознато дали ова лето ќе може и под кои услови да заминеме на одмор.

Македонската водителка Лила Филиповска изминатиот период го поминуваше во својот во стан во Скопје.

фото: принтскрин/инстаграм/лилафилиповсла

Таа често се огласуваше на социјалните мрежи апелирајќи до сите да останат дома и да ги почитуваат мерките.

Меѓутоа, сега кога полека почнаа да се олабавуваат мерките за заштита од корона  и за разлика од претходно имаме поголема слобода на движење, секако под одредени препораки, Лила одлучи да се одмори надвор од Скопје.

Имено, водителката отпатува во прекрасниот Охрид и правец на плажа.

„Успеав некако да стигнам на плажа“ пишува водителката во описот на фотографиите кои ги објави на „Инстаграм стори“.

фото: Принтскрин/инстаграм/лилафилиповска

Потоа, водителката позираше на зајдисонце покрај Охридското крајбрежје, а во описот цитираше стих од песната „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски – Џафер.

„Имам сонце за три светови“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Погледнете ја прекрасната глетка од Охрид кој Лила ја забележа со својот мобилен телефон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

To top