Фолкерката Сања „Барбика“ Цинцева, покрај пеењето е голем љубител на две нешта: природата и разголувањето. И обете досега ги покажа и јавно и тоа во неколку наврати.
Времињата се такви што само со вокалните способности не се тера кариера, па затоа телесниот раскош и убавина се’ почесто се на виделина, како адути плус за привлекување на публиката и пораст на популарноста.
На зима расната струмичанка е на скии… Банско во Пиринска Македонија или некаде дома, во нашава Македонија, сеедно…
Само да е природа и да има снегче. Секако и добро друштво. За да има кој да те придржи или ако паднеш, кој да те поткрене…
На лето и наесен, шумската прошетка е добредојдена.
А нашата убава Македонија изобилува со природни убавини, па затоа сексапилната пејачка се потсети когаа реши да го искористи моментот и да ги спои двете свои страсти: природата и разголувањето!
Расната струмичанка, со „јавно невидливата“ придружба, најде мотивација да си одбере дестинација, па во избраната природна локација покажа како се живее живот без ограничувања. Слободна и без предрасуди кога е во нејзиниот свет, како пчеличка од цвет на цвет Барби шеташе низ преубавата природа, чиј повик ја натера де се сплоти со неа.
Она што на пејачката и го дала мајката природа, препуштена во нејзините прегратки, Сања и го возврати… Се соблече топлес, па така гола се прошета низ шумата. Слободата нема цена, а убавината е скапоцена… Особено ваква, раскошна, бујна и стројна, каква што Сања – Барбика ја поседува.
Пред заминување дома, гордо застаната на карпата среде шумичката, на Барби и се подигна фустанчето, од под кое срамежливо ѕиркаа гаќичките на пејачката.
Црно на бело или поточно, под црното – бело, како снегче што почнало да се белее под врвот на високата планина, дополнително потенцирајќи ја нејзината „скриена“ убавина!