Радио Милева

Калиопи откри што научила за време на самоизолацијата

Калиопи откри што научила за време на самоизолацијата

Македонската пејачка Калиопи Букле деновите во изолација ги поминува во својот стан во Скопје.

Таа доста е активна на социјалните мрежи каде што се дружи и со фановите, па често се вклучува во живо и им посветува внимание и љубов.

фото: Инстаграм/калиопибукле

Опи во life.ba откри по што ќе ги памети деновите во изолација  и што научила од истата.

„Единствено ново што ми донесе изолацијата е ограничување на слободата и рушење на нормалниот систем на функционирање“ вели Калиопи и додава дека нејзината домашна рутина не е променета.

„Исто како и  претходно сакам да ми биде чисто и средено, исто како и пред короната често ги мијам рацете, се грижам за личната хигиена, готвам со љубов, се грижам за моите најблиски. Дури не дозволив да застане мојот креативен свет и мојот контакт со фановите“ вели пејачката.

фото: Инстаграм/калиопибукле

За време на изолацијата, Калиопи заедно со својот тим смисли забавен, креативен натпревар наречен „Kaliopi Fan Art“ во кој натпреварувачите ги претставуваат своите таленти во пеење, свирење, танцување, цртање…

„Сите знаат дека „Kaliopi Fan Art“  кој започна пред два месеци и траеше за време на пандемијата наскоро ќе заврши, а јас и фановите бескрајно уживавме. Ја победивме короната на наш начин“ вели Опи и додава:

„Сега кога ќе се погледнам себе во својот дом, гледам дека тој нема повеќе 150m2, туку дека е поголем за илјада километри затоа што со својата љубов, волја, грижливост и со својата музика успеав да спојам луѓе од четири континенти“.

фото: Инстаграм/калиопибукле

Таа откри што научила за време на изолацијата.

„Ако некаде навистина сите сме биле исти и врзани за иста желба, тогаш тоа е сега, во ова светска изолација.

To top