Таа важи за најпознатата и најпопуларна музичка ѕвезда во Македонија.
Мартија Станојковиќ е повеќе од позната и популарна, особено меѓу својата генерација и нешто помладите од неа.
Публиката имаше прилика да ја запознае Мартија во регионалното музичко шоу „Пинк ѕвездички“ во 2015/2016 каде што го освои второто место.
Малото слатко девојче со ангелски глас порасна во згодна, убава девојка која тешко би ја препознале.
Таа често е актуелна на социјалните мрежи каде ги известува своите следбеници за нејзините активности, анагажмани, важни случувања во нејзиниот живот.
Така беше и овојпат, па младата пејачка не одмина да се пофали дека има важен ден за славење.
Имено, талентираната кумановка на социјалните мрежи се пофали дека со момчето слават 10 месеци љубовна врска.
Таа прво објави фотографија на која се бакнува со партнерот, а во описот напиша дека тој е нејзината друга половина.
На другата објава, Мартија позира до својот сакан, а како објаснување додаде:
„10 луди месеци со бејби“.
Инаку, Мартија Станојковиќ заедно со Александра Јанева, Барбара Поповиќ и Лина Пејовска ќе биде придружен вокал на Васил Гарванлиев за евровизиската песната „You“, а Евровизија ќе се одржи како телевизиско шоу на 16 мај.