Во последната емисија на „Амиџи шоу“ гости беа Саво Милошевиќ, Рада Манојловиќ, Драган Марковиќ Палма и Мирко Кодиќ.
Една од игрите во емисијата е „Детекција“, игра во која може да дознаеме нешто повеќе за гостите, нешто што досега го немаат кажано.
Во оваа игра, водителот чита некој детаљ од приватниот живот на гостите, а тие треба да погодат за која станува збор.
„Кој од гостите ги бркал другарите со нож и на сестра си ја скршил раката“ беше прашањето на Огњен, а сите погодија дека е Радмила Манојловиќ.
„Не знам што тука е нејасно. Сестра ми случајно ја скрши раката, не беше намерно. Си игравме коњче, јас ја јавав, таа мораше да ме слуша. Не знаев дека сум толку тешка. А вториот пат беше со нож, не знам зошто сите викаа и врескаа. Тогаш беше популарен филмот „Вресок“. Јас ги бркав со нож, тие врескаа, тоа беше првпат кога ме удри мојот татко, а знаете тој е добра душа. Повеќе не се играме со ножеви“ вели Рада.