Ѕвездата на филмот за волшебникот Хари Потер, Ема Вотсон, се појави на „Винити фер“ забавата по доделувањето на Оскари и ја покажа новата тетоважа.
На нејзината десна подлактица, избишано е „Times up“, а не „Time’s up“, а изоставен е апострофот.
„Дејли мејл“ пишува дека актерката родена во Англија, а образована во Америка, не треба да си допушти ваква грешка, особено не на тетоважа, па некој што завршил универзитет мора да забвележи ваква грешка.
Не е познато дали тетоважата е трајна или привремена, но исто така беше критикувана и за влакнестите раце.
Очигледно Ема не ги депилира рацете и претпочита природен изглед, но за тоа веднаш се најде на повеќето медиуми токму поради тетоважата и влакненцата.