Цеца Ражнатовиќ го прослави Ѓурѓовден во Тител, родното место на нејзината снаа Богдана Ражнатовиќ.
Цеца со семејството отиде во домот на снаата Богдана, каде со сватовите го помина денот.
Покрај тоа што Цеца за време на празникот го помина времето во Тител, камерата на емисијата „Папарацо Лов“ успеа да ја сними и бремената Богдана.
За потсетување, Богдана треба да се породи до 10 јуни, а со нејзиниот сопруг Вељко Ражнатовиќ ќе има син кој ќе го носи името на неговиот дедо Жељко.