Радио Милева

Дара Бубамара олесната за 30 илјади евра: Крадците направија хаос во нејзиниот стан – еве што вели таа!

Дара Бубамара олесната за 30 илјади евра: Крадците направија хаос во нејзиниот стан – еве што вели таа!

Ноќта меѓу вторникот и средата, крадци упаднале во станот на Дара Бубамара на Дедиње и според неофицијални информации, однеле плен од 30 илјади евра.

За време на кражбата во станот немало никој, а Дара дошла два часа подоцна, зачекала општ хаос и испревртен мебел.

Како што се зборува, крадците ги земале парите, два златни ѓердани, часовник и пет уметнички слики, две уникатни вазни, бунди и две чанти.

Дара вели дека е шокирана од случката:

-Почекајте да ги најдеме, па да зборуваме за тоа. Не можам да верувам што ми се случи. Не е во прашање што е и колку е изнесено, мене ми е важно што никој немаше дома. Постојано мислам што ако беше некој дома и ги зачекаше. Ова баш ми се случи пред концертот, но нема да се одрази на подготовките, изјавува Дара за српските медиуми.

To top