Некои мислеа дека сум ку*ва затоа што носев мини фустанче! Имам и кошули и панталони во мојата гардероба. Се облекувам атрактивно и привлечно заради мојата публика! Сакам да им го разубавам ова „корона време“. Некои девојки сакаат да се облекуваат привлечно, без оглед што очекува и мисли околината за нив. Нема потреба да се докажувам никому! – изјави пејачката во „Магазин ин“ и додаде дека морала да се правда и затоа што со години вози стар автомобил:
„На луѓето не им беше јасно зошто не возам скап автомобил, кога јас сум славна личност и добро заработувам! Тие ме исмеваа затоа што возев „Пежо 207“ веќе девет години. Моите колеги никогаш не ми се смееја, туку луѓето кои ме препознаваат по градот. Кога ќе застанам да наполнам гориво на бензинската пумпа, тие ми велат: ‘Па, ти се’ уште го возиш тој велосипед!’
Само колку пати ми рекоа цариниците на граница: ‘Радо, па ти сè уште не си го променил автомобилот?’ Не знам зошто би сменила автомобил што никогаш не ме оставил на пат?!
Подоцна, кога купив „Range Rover“ тие почнаа да зборуваат дека сум арогантна! Тогаш сфатив дека не треба да му се правдам никому. На луѓето никогаш не можеш да им угодиш“ – вели пејачката.