Радио Милева

„Немав пари ни за храна“: Милош Бојаниќ немал што да јаде, па барал помош од колешка

„Немав пари ни за храна“: Милош Бојаниќ немал што да јаде, па барал помош од колешка

Пејачот Милош Бојаниќ не можел ни да претпостави какво изненадување ќе добие од Нада Топчагиќ.

Нада моментално заедно со својот сопруг се во изолација на планината Тара каде што имаат викендичка. Од друга страна, Милош Бојаниќ заедно со својата сопруга се наоѓа во изолација во семејната куќа.

фото: принтскрин/јутуб

Тој ја побарал Нада да ја праша како ги поминува деновите, а патем и се пожалил дека има мала пензија и нема доволно пари за храна.

Милош и се пожалил на својата колешка дека нема доволно пари, па Нада по брза пошта веднаш му пратила пакет со храна.

фото: принтскрин/инстаграм

„Тоа е вистина. Се слушнав со Нада и таа се пофали како им дели храна на соседите на Тара. „Имам три јагниња во фрижидер, подготвивме зимница“ ми велеше Нада преку телефон. Јас и реков дека сум во големи маки и дека немам што да јадам. Но тоа не се’, признав дека имам мала пензија која изнесува 120 евра. Се изненадив кога го видов курирот кој ми донесе пакет во кој имаше пола печено јагне, 3 литри подготвен домат, 3,4 тегли мед, кисели краставички, ајвар. После тоа и се јавив за да и кажам дека се шегувам и дека мојата сопруга одлично готви, а таа шеговито ми одговори: Јади сега кога немаш ништо“, вели пејачот.

To top