Радио Милева селска идила

Сандра Африка е ем секси, ем вредна и на село: Пејачката покажа дека за што и да се фати – ја бива! (ФОТО)

Сандра Африка е ем секси, ем вредна и на село: Пејачката покажа дека за што и да се фати – ја бива! (ФОТО)

Коранапандемијата естрадата ја закова дома, а некои од естрадните уметници наместо во урбаната бетонска џунгла, спасот го побараа на село. меѓу нив и атрактивносото секси мињонче, пејачката Сандра Продановиќ, позната како Сандра – Африка, која уште за првомајските празници замина во Ивањица, кај нејзината кума Јована!

Но таму Сандра не била само обичен гостин, кој ужива во селската идила. Напротив, пејачката уште од црни зори, станувала да се фати за работа.

Како во познатата песна: „Терај мала овци преку брегот…“, распената убавица покажа дека умее и со домашните животни, а со вилата за сено подеднакво добро владее како со сталакот за микрофон!

Вредна како кртица, Сандра покажа дека за неа нема зима ни да живее на село! А, како и би имало кога перјачката демонстрираше дека умее и да копа и да ора… најдобар доказ, кога Африка седна на малото ѓолто тракторче. Комшиите до душа, нозе испокршија кој прв да и припомогне, а кој не би, ама сепак… Вредната Сандра брзо учи и за краткопокажа дека  умее се’ сама да направи!

За неа нее проблем ни тазе искосената детелина, во која не бараше стебленце со 4 листа, туку покажа дека умее самата да биде „ковач на својата среќа“, работејќи со сопствениот труд и раце… Вила, коса, ашов, мотика, гребло… Пејачката покажа дека за што и да се фати – умее „да го позлати“ што велат, односно, покажа дека ја бива!

 

„Комотно би можела да живеам на село. Па, ако нема повеќе естрадна работа заради коронавирусот, ќе садам и копам малини. Јас сум вредна, знам да работам и нема зима за мене на село. Има што да се јаде и да пие,малку садиш, малку косиш, јадеш, спиеш, никој не те вознемирува. Само мир и тишина насекаде…  милина една“ – задоволно изјави пејачката за српски „Курир“.

Фото: Љиљана Станишиќ

 

To top