Цеца Ражантовиќ во текот на вчерашниот ден ја посети снаата во нејзиното родно место Тител каде што семејството ја слави славата Ѓурѓовден.
Цеца едвај чека да стане баба, а тоа ќе се случи за кратко време бидејќи Богдана е веќе во деветиот месец од бременоста.
Фолк пејачката објави фотографија од нејзината бремена снаа која има „стомак до заби“, а Богдана позира во дворот во опуштено издание односно во тренерки и патики.
„Мојата убава снаа“ напиша Ражнатовиќ во описот на фотографијата.
За потсетување, Вељко и Богдана ќе добијат син за кој го одбраа името Жељко.