Како последица од коронавирусот, во понеделник (04.03.2020) почина македонскиот водител, пејач, музичар и композитор, Драган Вучиќ.
Тој неколку дена бил сместен на инфективната клиника во Скопје каде по влошување на неговата здравствена состојба ја изгуби битката со вирусот.
https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/dragan-vuchikj-pochina-od-komplikacii-so-korona-virusot/
Неговите пријатели, колеги, соработници преку социјалните мрежи со емотивни статуси се простија од водителот.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/makedonskite-javni-lichnosti-se-prostuvaat-od-dragan-vuchikj/
Во текот на вчерашниот ден, од Драган се прости и хрватскиот пејач Владо Калембер. Тој на „Инстаграм“ со емотивна порака се збогува со својот пријател.
„За жал, изгубив уште еден одличен пријател, еден од најпознатите македонски ТВ водители. Тажно… Збогум стари … Кога и да ми се јавеше, велеше:„ Здраво, стари! “ Неодамна ми испрати една од твоите песни за да снимиме дует. Еднаш кога и јас ќе заминам горе ќе ја понесам таа снимка … па ќе ја отпееме“, напиша Калембер во описот на фотографијата со Вучиќ.
За потсетување, Вучиќ беше познат по бројни емисии и квизови како што се Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански муабети“.