Синот на Меган Маркл и Хари, Арчи денес полни една година.
Иако Меган Маркл и Хари го напуштија кралското семејство и се преселија во Америка, денес слави цела Британија.
Британските медиуми денес само пренесуваат информации ѕа првиот роденден на Арчи.
Иако била планира голема прослава во Англија, поради коронавирусот променети се плановите за славење на 1виот роденден на Арчи.
Имено, Меган и Хари роденденот на наследникот ќе го прослават во нивниот дом во Лос Анџелес.
„Поради социјалното дистанцирање, но и затоа што се откажани настаните поради кои Меган и Хари требаше да се вратат во Англија, семејството ќе остане во Лос Анџелес“ вели извор.
Од сите страни пристигнуваат честитки за роденденот на малиот Арчи.
За потсетување, неодамна и принцезата Шарлот го прослави својот петти роденден, а како што пренесуваа медиумите Кејт Мидлтон и принцот Вилијам и оргнизирале оналјан забава со кралицата Елизабета и другарчињата од училиште.