Радио Милева

Кубеа вланка во нос, се фенираа, фарбаа… Познатите Македонки навалија на средување (фото)

Кубеа вланка во нос, се фенираа, фарбаа… Познатите Македонки навалија на средување (фото)

Погодени од вонредната состојба поради коронавирусот сме сите, но мерките за работа попуштија кога се во прашање салоните за разубавување, а таму сега има навала, но со чекање ред кој ќе има среќа да закаже термин бидејќи бројот на клиенти за работа истовремено е ограничен, а задолжителна е и дистанца.

Припадничките на понежниот пол по долго домашно карантински поминато време, едвај чекаат да средуваат коса, нокти,лице…

фото:лила филиповска/инсатграм

Први од клиентките се познатите Македонки кои ја имаат привилегијата да закажат термин и секако да бидат истретирани по желба.

фото:миа костова/инсатграм

Лила Филиповска, Елена Петреска, Тамара Тодевска, Миа Костова, Елена Велевска и други седнаа меѓу првите да се средуваат.

фото:тамара тодевска/инсатграм

Најчесто имаа потреба од фарбање и фенирање, а пак Елена Велевска депилираше влакна во носот и веројатно уште некој третман.

фото:елена велевска/инсатграм

-Почна со работа и нормално прва дојдов. Препораките се испочитувани,девојките се расположени, а јас сум исфарбана и исфенирана – напиша Лила во описот на неколкуте „стори“ фотографии кои ги објави на својот профил на Инсатграм.

фото:лила филиповска/инсатграм

Телефоните во рака и овој историски момент мораше да се овековечи!

фото:елена петреска./инсатграм
To top