Годинава, заради корона пандемијата, 1-ви Мај го славевме поинаку од вообичаените излети, пикници, скара… До душа малкумина тоа сепак го направија во природа, а повеќето скара вртеа на својата или викендичката кај пријателите, во својот домашен двор, на терасата или балконот од станот… Како и да е, сите имавме каков -таков првомајски викенд, и тоа продолжен, карантински!
Кога сме кај природата и викендичките, Игор Џамбазов оддамна е дислоциран надвор од Скопје. Со специјална дозвола за престој, шоуменот е привремено преселен во Дојран, чиј градоначалник скопјани и сите други кои не се жители на неговата општина, не ги прима на подолг престој во градот крај најмалото македонско природно езеро.
За да ја разбие здодевноста, Џамбазов секојдневно си наоѓа некаква забава, а дел од најинтересните моменти редовно ги споделува на социјалните мрежи со своите следбеници и обожаватели, а и со целиот македонски народ.
Првомајскиот викенд вака или онака мин, преку ден со скара и пијачка, а навечер… се’ и сешто, најмногу вртење канали по телевизија. МРТ во својот редовен термин меѓу 20 и 21 часот ги емитува репризите на старите епизоди на хумотистичниот ситком серијал од пансионот „Преспав“, па за првомајскиот викенд беше емитувана и епизодата насловена „Гробно место“, каде главен лик беше Тијана Дапчевиќ, односно загрижената газдарицата Ула, која сакаше да си се обезбеди себе си и својот Коста, за не дај Боже… со убава локација за „живот после смртта“!
И додека, Ула, Коста и останатите го „бараа чарето“, чичо Миле Први Бузалевски, т.е. Игор Џамбазов директно од Стар Дојран и упати видео порака на неговата „Преспав“ снашка Ула, односно Тијана, со совршено решение за нејзиниот животен проблем, поврзан со „вечниот живот“ после животот.
Имено, тој и порача дека за неа има совршена локација… „И нашол гробно место како од бајките. Со поглед на (ј)езеро… Да ти е ќеф да умреш“ – како што напишал Џамбазов во описот на видеото со црн хумор.
И додека сите имаа првомајски карантински скара викенд, Миле Бузалевски и Ула од „Преспав“ имаа првомајски… „викенд на мртовци“!
Погледнете ја видеопораката на Миле до Ула, односно на Џамбазов до Тијана:
View this post on Instagram
Да ти е ќеф да умреш… Са погледом на језеро. @tijana.dapcevic @pansionprespav