Во последните неколку недели се шпекулираше дека Кортни Кардашијан е бремена по четврти пат.
Старлетата со неколку разголени фотографии одговори на гласините за нејзината бременост.
Кортни (41) позираше во минијатурно црно бикини во кое го покажа својот рамен стомак и со тоа даде до знаење дека не е бремена.
Под објавата веднаш почнаа да се нижат разни коментари, а многумина тврдат дека таа изгледа многу помладо.
„Убавица“, „Твојата фигура е завидлива“, „Се гледа дека уживаш во карантинот“ се само некои од коментарите.