Ѓорѓе Давид неодамна се излече од коронавирусот, а сега во „Амиџи шоу“ откри што му се случувало додека бил болен.
„На 20 март сфатив дека немам сетило за мирис и вкус. Почнав да чувствувам зуење во ушите. Температура која иде нагоре. Потоа почнав да чувствувам како целото тело да ме боцка, како некој од глава до пети да ме штипе, температурата се зголеми на 39….Имав чувство како да ме нападнале демони“ вели рокерот и додава:
„На 24 имав прекинување на филмот, се разбудив со чувство дека сум спиел 45 минути, а часот беше 12 попладне. Измерив температура и сфатив дека не може да се лажем себеси, тоа е тоа“ вели пејачот
Тој објаснува дека кога заминал во болница го задржале на одделнието за пулмологија.
Исто така пејачот вели дека имало луѓе кои не му верувале дека е болен, па по оние кои плукале по него
„Само да кажам дека имаше и оние кои ми порачаа да цркнам, ми рекоа дека сум продадена душа, да сум добил пари. Јас има 50% да преживеам. Бане Обрадовиќ сега е добро, но на почетокот имаше 80% да преживее“ вели рокерот.
Пејачот исто така ги пофали здравствените работници кои цело време се грижеле за пацинетите и им ги исполнувале сите желби.