Македонскиот музичар Роберт Билбилов е меѓу оние личности кои изолацијата во време на пандемија ја користат доста продуктивно на работен план, секако бидејќи професијата тоа му го дозволува.
Роби е доста активен на социјалните мрежи, особено Инстаграм, каде постојано објавува моменти од тоа дека најголемиот дел го минува зад четири ѕида затворен во своето домашно музичко студио од каде компонира нови музички дела кои се надеваме наскоро ќе имаме можност да ги слушнеме во финална верзија.
Колку карантинот му дава инсирација, не знаеме, но со оглед на тоа дека како што вели „ги остава коските“ во своето студио, веруваме дека приодов и не му е така лошо.
Имено, тој пред своите следбеници на Инстаграм покажа нешто повеќе од просторијата каде поминува најмногу време, односно го снимаше секој дел од својот стан, a почна со погледот од тераса, продолжи со кујната, дневната и секако виртуалната прошетка ја заврши со погледот кон прекрасно уреденото студио од каде испаднаа доста хитови.
Инаку, Билбилов времето за релаксација, секако кога не е полициски час, го користи за возење велосипед.
А по обиколката на две тркала, се знае каде – правец дома!