Во вакво време невреме кое го живееме сите, несомнено ни е потребна дополнителна позитувана енергија која ќе ја акумулираме од нештата што не исполнуваат и не прават среќни.
Пејачката Викторија Лоба неодамна преку социјалните мрежи откри дека во изолација посветува време за вежбање и одржување на телесната форма, се храни здраво, готви, чита книги, слуша музика…
Но, сега по неколку години се реши на чекор од кој заедно со свршеникот Ѓорѓи имаат нов член во домот.
Лоба пред неколку години со тешко срце се збогуваше со својата најверна пријателка, пекинезерот Нола, а иако е голем љубител на животните, и беше тешко да се одлучи да ја замени откако почина, односно да земе нов миленик кој постојано ќе биде со неа.
Сега дојде вистинското време за да се одлучи на таков чекор, па деновиве се пофали дека сега ја вдомила преслатката Маша, кученце од популарната раса помпериан.
Со прошетките заедно со неа, но и голем дел од времето поминато дома, Лоба има дополнителна причина за радост, смеа и позитивна енергија.
Доколку ви паднало на ум да вдомите некое животниче и сте голем љубител, сега е вистинското време да си го разубавите и онака пореметеното секојдневие.