Радио Милева

Том Хенкс донираше крв за да се најде вакцина против коронавирусот

Том Хенкс донираше крв за да се најде вакцина против коронавирусот

Том Хенкс откако ја победи короната, се надева дека тој може да биде клучен фактор за борба против Ковид 19.

Актерот и неговата сопруга Рита Вилсон донираа крв и крвна плазма за да придонесат во истражување на вакцина против коронавирусот.

Холивудската ѕвезда се надева дека ќе биде пронајдена вакцина со која ќе се стопира глобалната пандемија.

„Сега ќе работиме на она што ќе се вика Хенкс вакцина“ се пошегува актерот.

За потсетвување, Хенкс и Вилсон беа позитивни на коронавирус, но парот успеа да се излекува.

To top