Дона од серијата „Беверли Хилс“, актерката Тори Спелинг има психичко растројство, а овој пат морала интервенира и полицијата.
Според светските медиуми, во нејзиниот дом деновиве било бурно, а се завршило со полицијата која морала да ја приведе.
По повикот од непознато лице кое ја пријавило како агресивна и опасна, службата морала да превземе по случајот.
По увидот, незјинот сопруг Дин Мекдермот, снимен е како во дворот разговара со полицајцит еи им ги покажува раните.
„Пипл“ пишува дек еден ден претходно Тори повикала полиција дека некој и провалил во станот, за да се прејави и да каже дека само си дошол нејзиниот син.
Инаку Тори (44) е мајка на пет деца, а подолго се бори со нервно растројство откако во 2013 година дозна дека сопругот ја изневерува.