Радио Милева

Ова е последната објава на скопјанката која исчезна во Лос Анџелес!

Ова е последната објава на скопјанката која исчезна во Лос Анџелес!

Светските, а и домашните медиуми на големо пишуваат за младата скопјанка која веќе неколку дена се води како исчезната во ЛА.

Семејството и полицијата на студентката по глума во Лос Анџелес вчера побарале помош во потрагата по неа. Се работи за 25-годишната Адеа Шабани од Скопје која на 23. февруари исчезнала под сомнителни околности, пренесува КТЛА.

Студентката по актерство исчезнала истиот ден околу 11 часот наутро, соопшти полицијата. Пријателите велат дека ја оставила вратата отклучена, како да очекувала брзо да се врати.

„Не знам, не знам што да мислам“, рекла Мишел Љунгранџ за КТЛА. „Само сакам да ја најдам, ова не личи на неа”

Иследниците не објавија никакви информации што укажуваат на нешто сомнително, но пријателите веруваат дека некој ја држи против нејзината волја.

Инаку, нејзината последна објава на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм е поставена еден ден пред да исчезне, а гласи:

-Фокусирај се на моќта,еуфоријата,магијата, синхронизацијата, убавите работи од животот и универзумот ќе продолжи да ти ги дава, пишува Адеа.

 

https://www.youtube.com/watch?v=6zZySSR9gU8

To top