Радио Милева

Испливаа непознати детали за животот на Меган Маркл и Хари во Америка: „Едвај имаат пари за дадилка“

Испливаа непознати детали за животот на Меган Маркл и Хари во Америка: „Едвај имаат пари за дадилка“

Откако Меган Маркл и принцот Хари одлучија да се повлечат од кралското семејство и да водат миран живот, прво побараа луксузна вила во Канада, но поради затворените граници сега живеат во Лос Анџелес.

Со оглед на тоа дека во целиот свет владее криза, наводно Меган и Хари не успеале да пронајдат работа, а таблодиот „Life & Style“ пишува дека тие наскоро може да останат без кров над главата.

фото: Профимедиа

„Се уште немаат свој стан“, вели извор близок на парот, па открија како Меган и Хари се сноаѓаат во време на криза.

„Спијат на кревети на расклопување. Височеството Хари практично е бездомник“  вели изворот и додава дека целата ситуација е уште полоша бидејќи со нив е нивниот син Арчи за кој едвај имаат пари да платат дадилка.

За да успеат да се извлечат од ситуацијата, Меган се труди да се врати на глумата.

За потсетување, Меган и Хари на почетокот на оваа година одлучија да се повлечат од кралското семејство.

To top