Марија Шерифовиќ по 13 години откри што се случувало пред нејзиниот настап на Евровизија кога со песната „Молитва“ и донесе победа на Србија.
Имено, Марија ја гледаше снимката од 2007 година кога таа победи, а на своите следбенци на „Инстаграм“ им откри како се чувствувала пред да излезе на сцена.
„Значи, јас стојам на скалите и треба да излезам на сцена. Ми се мо*а, ка“а ми се, ми се повраќа, имам температура и готова сум да се онесвестам“ вели Шерифовиќ.
За потсетување, овагодинешното издание на Евровизија ќе се одржи како ТВ шоу, а Македонија ќе ја претставува Васил Гарванлиев со песната „YOU“.