Радио Милева

„Господ нека ми прости“: Tијана Дапчевиќ ја „предвидела“ короната – 30 дена пред вонредната состојба ги кажала овие зборови

„Господ нека ми прости“: Tијана Дапчевиќ ја „предвидела“ короната – 30 дена пред вонредната состојба ги кажала овие зборови

Екипата на естрадниот магазин „Телеграф.рс“ ја започна кампањата „Џетсет во четири ѕида“ во која разговараат со бројни познати од нивните домови.

Овој пат гостинка беше македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која на почетокот на интервјуто веднаш откри дека таа на некој начин ја предвидела короната односно пред вонредната состојба кажала неколку зборови кои се исполниле.

фото: Принтскрин/јутуб/телеграф.рс

„Господ нека ми прости, но еден месец пред да настапи вонредната состојба, јас изговорив на глас – „Да се случи нешто, сẻ да застане, да се одморим, изморена сум затоа што јас 20 години не спијам. И се случи вонредната состојба, се случи застој на целиот свет. Еве од 13 март ако 5пати бев во продавница, Милан е тој кој ги набавува намирниците. Единствено што правам  секој ден е да се шетам, ние тројцата со цела опрема се шетаме по шума и шетаме по 5,6 килограми“ вели Тијана и објаснува дека тоа е единствена активност која ја прави надвор.

фото: Принтскрин/јутуб/телеграф.рс

Инаку Тијана ја покажа и својата огромна тераса и откри дека по неа шета цел ден од едниот до другиот крај.

Дапчевиќ откри колку и е тешко што долго време не се видела со нејзината сестра Тамара Тодевска.

фото: инстаграм

„Последен пат се видовме на 11 март. Многу е тоа што толку сме разделени. Верувај ми дека се слушаме најмалку 10 пати на ден. Со мајка ми се слушам на половина час затоа што таа е сама бидејќи има асма и не смее да излезе од дома. Тамара кога е во Скопје и носи што е потребно бидејќи моментално е во Гевгелија кај родителите“ вели пејачката.

Целото интервју погледнете во видеото подолу.

To top