Насловот на биописот на Витни Хјустон ќе биде „Јас сакам да танцувам со некого“ (I Wanna Dance With Somebody). Режисер на овој потфат е Стела Меги.
Зелено светло да се снима овој филм ја дадоа оние кои се одговорни за името на славната пејачка, која почина во 2012 година на 48-годишна возраст. Сценариото е напишано од Ентони Мекартен, познат по неговите успеси со „Двајца папи“, „Најтемниот час“, „Боемска рапсодија“ и „Теорија на сè“.
Витни Хјустон стана светски позната по својот прв албум во 1985 година, кој ги содржеше хитовите како “Greatest Love of All”, “Saving All My Love for You”,“I Wanna Dance With Somebody”, “Didn’t We Almost Have It All,” “I’m Your Baby Tonight”,“Million Dollar Bill”. Таа глумеше со Кевин Костнер во филмскиот мегахит од 1992 година „Телохранител“, кој заработи 411 милиони долари од светската дистрибуција. Саундтракот од тој филм, со хитот „Јас секогаш ќе те сакам“”I Will Always Love You“), се има има продадено во повеќе од 45 милиони примероци. Самата Витни е најнаградуваниот музичар на сите времиња, со над 200 милиони албуми продадени на глобално ниво.