Актерката Хали Бери се јави од својот дом во емисијата на „The Tonight Show With Jimmy Fallonи“ откри една занимливост која се случила за време на снимањето на филмот „Умри вториот ден“ и како колегата Пирс Броснан и го спасил животот.
Имено, Пред 18 години, таа беше девојката на Џејмс Бонд и на снимањето на филмот соработувала со Броснан. Во една пригода кога требало да снимат една од жешките сцени, Хали почнала да се гуши бидејќи парче смоква ѝ се заглавило во грлото.
Актерката откри како изгледала таа сцена и како Бронсан и го спасил животот.
„Требаше да бидам секси и да грицкам смовки, а одеднаш почнав да се гушам. Пирс мораше веднап да реагира и да ми направи Хеимличов зафат. Џејмс Бонд знае како да го направи тоа! Ми го спаси животот и секогаш ќе биде една од најмилите личности во мојот живот“ објаснува актерката.
За потсетување, оваа актерка во едно интервју откри дека имала проблем во текот на едно снимање кога еден режисер и рекол дека не е доволно секси.