Емина Јаховиќ пред неколку недели објави дека се разведува од Мустафа Сандал, а во јавноста се појавија шпекулации за нејзините тајни разговори со Марко Мишковиќ, со кој некогаш беше во емотивна врска, а сега е во брак со пејачката Јована Николиќ.
Емина и МАрко беа во врска пред повеќе од 10 години, а сега, како што пишуваат српските медиуми, емоциите повторно проработеле. Како што пишува српски „Ало“, АМрко е подготвен поради Емина и да се разведе од сопругата.
-Нема повеќе да те испуштам. Ќе се борам за нашата љубов. Ќе се разведам во наредните шест месеци, а наскоро сите ќе знаат дека сме заедно, пишува во пораката која Марко и ја пратил на поранешната љубов.
Како што наведува медиумот и Емина му одговорила:
-Така е најдобро. Мораме да водиме сметка и за децата и нивните емоции, пишуава Ало за пораката на пејачката.
Инаку, пред да откри дека се разведува Емина негираше дека бракот и пропаднал, а негираше и за обновата на врската со Марко. Она за бракот излезе дека е вистина, а за ова другото ќе видиме…