Радио Милева се' за љубов...

Миа Костова призна дека сака жени, ја објасни бисексуалноста, па откри во кого е заљубена: „Не е важно дали љубиш маж или жена, туку каков човек!“ (ВИДЕО)

Миа Костова призна дека сака жени, ја објасни бисексуалноста, па откри во кого е заљубена: „Не е важно дали љубиш маж или жена, туку каков човек!“ (ВИДЕО)

Вчеравечер, 22. април 2020 год. на Инстаграм профилот на Бекстејџ гостинка беше водителката Миа Костова која  цели 10 години беше дел од тимот на најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин.

Миа најпрвин објасни дека тимот на Бекстејџ се’ уште го доживува како семејство и покрај тоа што веќе не се појавува на екранот.

Потоа русокосата зборуваше за врската со жена, за која  на големо се шпекулираше, но Миа никогаш јавно не проговори  за тоа… ама само до вчеравечер, кога „бившата“ од „Бекстејџ“ го „отвори картите“, па разголувајќи ја јавно душата, отворено обзнани и призна:

„Да, љубев жена, тоа е вистината… Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа каков човек е“ – раскажа искрено Миа.

Што друго за прв пат кажа атрактивната Тв водителка, менаџер и инфлуенсер, ако пропуштивте да слушнете и видите онлајн на Интернет, погледнете веднаш во видеото подолу:

To top