Алксандра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се свршија на денот на заљубените на Мајами, а пејачката открива дека свадбата е закажана за месец јуни годинава.
Иако е рано, подготовките за свадбата се веќе во тек, а Пријовиќ вели дека во тоа и помага и мајка и Борка, како и свекрвата Брена, која Филип го гледа како син.
-Тука се семејствата да помогнат, а секоја конечна одлука ќе биде наша. Нивната поддршка многу ни значи. Најважно ми е да биде весело и сите убаво да си поминат. Тоа е она за што најмногу водам сметка, како и се да биде добро смислено за месец јуни, вели Александра за српски „Пулс“.
Околку традиционалните свадбени моменти таа вели:
-За тие работи треба да се договориме, но би сакала тоа да биде мешавина на модерна и традиционална свадба. Како што знаете ниедна српска свадба не може да помине без традицијата, а ние секако ќе ја испочитуваме до најмалите детали, вели идната невеста и не остави само свекрвата Брена да зборува за деталите за големиот ден.
Имено, Брена пред неколку дена изјави дека со Боба на младите како подарок ќе им купат стан.