„Единствено што ме радува е што ја напуштив болницата после толку долго време и можам да кажам дека моето здравје е сега стабилно“ – ја започнува својата приказна пејачката.
„Закрепнувањето сега е во домашна нега. Имам контрола за неколку дена. Ги слушам лекарите, се придржувам до сè што ми кажаа и што е потребно. Времето ќе покаже сè друго. Потребно е време за здравјето да ми се нормализира“ – Вели Инди.
На прашањето дали ќе биде потребна понатаму уште некоја операција, пејачката вели:
„Нема да има повеќе операции. Јас сум надвор од животна опасност. Битката заврши. Остатокот е заздравуваењ, што се сведува на прегледи, здрава исхрана, одреден начин на живот што порано никогаш не сум го водела. Оноа низ што поминав е рамно на пекол“ – се сеќава Инди и додава:
„Останав без слезина, панкреасот ми беше повреден, и затоа до крајот на животот ќе морам да примам инјекции. Добив бајпас наместо намален желудник. Никогаш нема да го имам старото здравје што го имав пред да одам на операција, а сето она што се случи со мене, ќе го смени мојот живот трајно. Мојот организам е ослабен и прашањето е дали ќе можам да се вратам во мојата стара состојба“ – објаснува пејачката, која објави фотографија од закрепнувањето во својот дом и испрати силна порака: „Ќе биде добро, останете дома“, напиша Инди.