Мегафон

Почина Џин Дајч, „таткото“ на Том и Џери и на Попај – морнарот

Почина Џин Дајч, „таткото“ на Том и Џери и на Попај – морнарот

Почина познатиот аниматор, Џин Дајч, кој беше режисер на дел од епизодите на најпознатиот анимиран серијал за глувчето и мачката, легендарните  „Том и Џери“, кој и денес е омилен цртан филм на децата. Џин починал во својот дом во Прага, Чешка, на 95 години.

Тој има свој потпис и на дел од епизодите на „Попај морнарот“. Многу генерации деца израснаа со јунаците од овие цртани филмови, а честопати од нивните мајки беа поттикнувани да јадат спанаќ „за да бидат силни како Попај“.

To top