Радио Милева

Анастасија Петреска објави нови фотографии од првиот роденденот на ќерката (фото)

Анастасија Петреска објави нови фотографии од првиот роденденот на ќерката (фото)

Анастасија Петрeска и нејзиниот сопруг Владимир Поповски во март претходната година станаа родители на нивното прво дете односно ќерка.

Тие за нивната наследничка одбраа модерно име, па малата принцеза ја крстија Андреа, а оттогаш уживат во неизмерната љубов и среќа со новиот член на семејството.

Maлата Андреа пред повеќе од еден месец наполни една година, а тогаш мама Анастасија  на социјалните мрежи објави неколку фотографии од славеничката.

Малото девојче облечена во розово и виолетово фустанче позира пред објективот на камерата, а изгледа дотерана како преслатка мала принцеза.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/potporasnata-i-doterana-kako-mala-princeza-kjerkata-na-anastasija-petreska-napolni-edna-godina-foto/

Меѓутоа, деновиве Петреска на својот „Инстаграм“ профил објави нови фотографии и покажа како изгледало декоративниот дел од прославата.

фото: инстаграм

 

фото: инстаграм

Инаку, Анастасија и Владимир се свршија на почетокот од 2018 годината, односно во месец јануари додека беа на зимување во Бугарија, потоа склучија граѓански брак, а на крштевката на нивната ќерка тие склопија и црковен брак.

To top