Радио Милева

Цеца „прави“ пари и додека седи дома во време на корона: Само од ова заработи 150 илјади евра

Цеца „прави“ пари и додека седи дома во време на корона: Само од ова заработи 150 илјади евра

Цеца Ражнатовиќ (46) заработува 150.000 евра годишно на Јутјуб! Фолк sвездата стана рекордер во регионот – прва пејачка која имала милион следбеници на тој видео сервис, а нејзините снимки се со вкупно дури милијарда и пол прегледи! Поради тоа, Ражнатовиќ заработува добро и во доба на корона.

– Цеца го отвори својот канал Јутјуб во 2012 година и ги има сите нејзини видеа, како и разни интервјуа, вклучително и снимка од нејзината свадба со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сите овие снимки имаат милиони прегледи, а нејзината најпопуларна песна е „Трепни“ од 2016 година, која има 68 милиони прегледи – вели извор близок до пејачката и додава:

– Цеца нема склучено договори со никакви продукции, како што тоа го прават повеќето нејзини колеги, така што не мора да споделува приход со никого. Сепак, неспонзорираните канали на Јутјуб како на Цеца, својата заработка ја добиваат на крајот на годината. Така, Цеца заработува околу 100 000 евра годишно во последните три години, а како што расте во популарноста, последен пат и беа исплатени повеќе од 150.000 евра! Таа ги одбива спонзорите, бидејќи песните и се слушаат низ целиот свет, така што нејзината заработка е загарантирана, открива изворот.

фото:цеца ражнатовиќ/инсатргам

– Таа неодамна прослави еден милион следбеници на „Јутјуб“, а нејзините снимки вчера достигнаа 1.527.018.232 прегледи – вели пријателката на пејачката, додавајќи дека Цеца одбила да стане влогер, иако би заработувала многу повеќе. Анастасија ја убедува сама да снима видеа на Јутјуб, но Цеца не сака да слушне за тоа. Исто така, таа одби многу компании кои и понудија добра сума за рекламирање на нејзиниот канал.

Цеца Ражнатовиќ е далеку пред нејзините колеги по бројот на следбеници на интернет каналот Јутјуб.

фото:цеца ражнатовиќ/инсатргам

Северина Којиќ има 605.000 следбеници, Аца Лукас 336.000, Сека Алексиќ 326.000, Драгана Мирковиќ 235 000, Здравко Чолиќ 228 000, Јелена Карлеуша 208 000, Маја Беровиќ 193 000, Марија Шерифовиќ 181 000, Дара Бубамара 129 000 …

Единствената што се обидува да  и се доближи на Цеца е Северина, која  за време на изолацијата го водеше шоуто „Севе те-ве “ секоја сабота од куќата на нејзиниот свекор Драган Којиќ.

To top