Радио Милева

Тамара Тодевска: „Oва ќе биде поинаков Велигден за сите нас“

Тамара Тодевска: „Oва ќе биде поинаков Велигден за сите нас“

Во недела се празнува гоелмиот празник „Велигден“. Христијанските верници на овој ден го прославуваат  воскреснувањето на Исус Христос.

Според традицијата, вечерта пред Велигден се оди на кружење во црква, а точно во 00 часот се прогласува воскреснувањето на Исус. Исто така за Велигден се вапцупуваат и велигденски јајца.

фото: Курир.мк

На овој ден, вообичаено, луѓето со своите семејства, пријатели, роднини се собираат да го прославаат празникот. Меѓутоа, оваа година поради коронавирусот и пандемијата која владее во светот, Велигден ќе биде прославен на потполно различен начин.

Поточно, од утре (петок) од 16часот започнува карантинот кој ќе трае до вторник до 06 часот наутро, а тоа значи дека ќе има потполна забрана за движење.

Со цел да спречи ширењето на короната, се препорачува да се остане дома, но и да се држи одалеченост од 2 метри.

Македонската пејачка Тамара Тодевска по повод Велигденските празници се огласи на својот Фејсбук и напиша:

„Драги мои,

Ова ќе биде еден поинаков Велигден за сите нас. Следува карантин од 4 дена. За жал, оваа година нема да можеме да ги правиме работите што вообичаено сме ги правеле за време на овој голем празник. Сигурна сум дека ќе помине и ова но сега, во овој момент, важно е сите да останеме дома и да ги почитуваме препораките на Министерството за здравство.

Знам дека следуваат подготовки за Велигден и би сакала да ве замолам, одржувајте 2 метри растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширeњето на коронавирусот и спасувате животи.

Спаси живот од два метри. Држи растојание!

Ве сакам“.

фото: принтскрин/фб

Инаку, повеќето односно сите јавни личности ги почитуваат мерките за заштита и апелраат да се седи дома.

To top