Дара Бубамара изгледа не пропушта ниту една прилика јавно да ја прозве својата колешка Весна Змијнац со која наводно е во добри односи.
„Не се возбудувам што ги објавија моите голи фотографии. Но, ме нервира што не пишуваат дека сум ги праќала на својот поранешен сопруг, туку на некој фудбалер кој не го ни познавам. Па, Весна Змијанац има поексплицитни фотографии и видеа од мене“ вели фолк пејачката.
По тој повод се огласи и Змијанац која откри како стојат работите.
„Не знам што Дара има против мене и каков е проблемот меѓу нас. Знаете како велат, секој си бара соучесник во своето недело. Кога ќе се сретнеме на аеродром секогаш ме поздравува. Јас мислам дека сме во одлични односи, но изгледа таа не мисли така. Далеку сум јас од некоја светица, не можам на никој да судам, секој си го живее својот живот“ вели Змијанац и додава:
„Какви клипови или снимки имам тоа е моја лична работа, барем никогаш не криев. Често гледам на порталите, Дара кажа ова, кажа она. Не знам дали е таа, сите знаеме како функционира естрадата. Како и да е, ја ценам Дара како пејачка, а нема врска тоа што се пишува и зборува за мене“.